„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Единствена Македонија: ФФМ да не си игра со трпението на народот, Ангеловски треба да ја води фудбалската репрезентација на европското првенство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bacev

Единствена Македонија ја повикува Фудбалската федерација на Македонија да престане да си игра си трпението на народот и веднаш да го продолжи договорот со селекторот на фудбалската репрезентација Игор Ангеловски - Мрме.

— реклама —

Во земјата владее безаконие, корупција, криминал, национачно предавство и ако може по нешто убаво да се памти годината тоа сигурно е големиот успех на селекторот и фудбалската репрезентација кои испишаа историски успех со пласманот на Европското првенство во фудбал, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

Селекторот Ангеловски е творецот на оваа репрезентација со шаренолик национален состав која функционира како едно семејство што е голема работа за македонски услови каде доминираат етничките моменти и нивно тензично актуелизирање по разноразни поводи. Селекторот створи единство и сплотеност во репрезентацијата, постигна историски успех со прво учество на Македонија на завршницата на едно големо фудбалско натпреварување. Затоа, калкулирањето со продолжувањето на договорот остава впечаток за матни игри во куќата на фудбалот иако сега е потребен мир во фудбалскиои табор пред големото европско фудбалско натпреварување.

За Единствена Македонија и целата фудбалска јавност нема дилема. Игор Ангеловски треба и понатаму да остане селектор и да ја предводи македонската фудбалска репрезентација на Европското фудбалско првенство во јуни - јули догодина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања