Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Единствена Македонија: Изборот на преодна влада покажа дека Заев и Мицкоски се копретседатели на истата партија „Погреб за Македонија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Вчерашниот избор на преодната влада потврди дека Христијан Мицкоски е на исти позиции со Зоран Заев за богатењето од позиција на власт, за промената на името и идентитетот, и дека се марионети на странски центри, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на Единствена Македонија.

Народот виде и не слушна еден збор за поништување на антимакедонските договори со кои се брише се што е македонско и дека новите министри на ВМРО-ДПМНЕ ќе започнат битка против  транзициските бандити кои 30 години се богатат од позиција на власт. Наместо ова, денеска Мицкоски на прес го замајува народот со воопштени формулации за пад на индустриското производство, за пад на БДП, за странски инвестиции... што на народот ништо не му значи доколку не си ја повратиме назад изгубената држава.

— реклама —

Маските паднаа. Зоран Заев и Христијан Мицковски се копретседатели на иста партија „Погреб за Македонија„ составена од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за рушење на Македонија и Македонците.

Единствена Македонија ќе победи и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат, а стекнатото богатство од позиција на власт ќе биде конфискувано, антимакедонските договори поништени, се разбира, според законот, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на Единствена Македонија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања