Промени тема
Контакт

Единствена Македонија ќе го подржи протестот на 29 мај за слобода и правда за неправедно осудените за 27 април

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bacev-1

Извршниот комитет на Единствена Македонија на денешната седница донесе одлука да го подржи народниот протест што ќе се одржи во сабота на 29 мај за слобода и правда за осудените лица за настаните од 27 април 2017 година, се вели во соопштението од Рдинствена Македонија.

Во продолжение на истот се додава:

— реклама —

Република Македонија денеска е земја со политички затвореници. Постоењето на политички затвореници може да се спречи само со доследно почитување на правната држава и владеењее на правото, почитување на основното човеково право на фер судење пред независен и со закон воспоставен непристрасен суд.

Во јавноста веќе излегоа нови факти и докази и дека пресудата за 27 април се заснова на лажен исказ на сведок, а кои севкупно се подобни да причинат ослободување на лицата осудени за 27 април, со што се создадени правните претпоставки согласно Законот за кривичната постапка за повторување на постапката.

— реклама —

За таа цел, Единствена Македонија бара реотворање на процесот и повторување на кривичната постапка за неправедно осудените лица за настаните од 27 април.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања