Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„Единствена Македонија“: Мицкоски да одговори кој е неговиот противник – Јанко Бачев или Зоран Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

„Единствена Македонија како дел од „Македонија-Блокира„ изразува загриженост поради штетното однесувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во семакедонската борба да се спречат уставните измени.

— реклама —

Наместо сплотени и единствени во борбата против марионетската власт во Скопје која сака да избрише се што е македонско, Мицковски отвора фронт против Единствена Македонија.

Познато е дека минатата сабота „Македонија-Блокира„ со прилепските бранители протестираше во Прилеп, по што се највија блокади во Прилеп секоја сабота.

— реклама —

Познато е дека ВМРО-ДПМНЕ околу месец дена маршира секоја среда во Скопје и секоја недела во некој град во Македонија.

— реклама —

Меѓутоа, Мицковски наместо во недела, одеднаш прави неочекуван пресврт и денес, сабота, ќе маршира во Прилеп со цел да ги неутрализира блокадите на „Македонија-Блокира“. Водени од националните и државните интереси и избегнување на паралелизам во Прилеп, ја информираме јавноста дека денес, сабота, „Македонија-Блокира„ нема да блокира во Прилеп во интерес на македонското единство.

Ќе разбере ли Мицковски дека заедничкиот противник е Зоран Заев. Разбира ли Мицковски дека ова не е битка за поединци или лидери, ова е битка за опстанок на цел еден народ.

Мицковски и должи одговор на јавноста, кој е за него противник во борбата за одбрана на македонскиот народ - Јанко Бачев или Зоран Заев“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања