Јавноста со неверување гледа како Мицкоски и Заев на отворена сцена лицитираат со името на нов шеф на обвинителство за организиран криминал и висока корупција со што директно газат по законите во државата. Зоран Заев за нова Катица Јанева си ја предлага „неговата„ Вилма Рускоса а Мицкоски му врати со „неговиот„ Владимир Панчевски, се вели во соопштението од Единствена Македонија.
Единствена Македонија не сака да навлегува или пак да ја оспорува стручноста на Рускоска и Панчевски, но, ги потсетуваме Мицкоски и Заев дека обвинителите треба да се бираат на јавен оглас според знаење, способност и достигнување.
Со предвремениот избор на нов шеф на обвинителството за организиран криминал и корупција, Мицкоски и Заев на највулгарен начин ја поразија идејата за правна држава. Во една препоставена ситуација, се поставува прашањето како Рускоска или Панчевски ќе го откриваат криминалот и корупцијата на Заев и Мицкоски кога се поставуваат од нив како партиски обвинители.
Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија наивно верувале дека обвинителите се бираат независно и непристрасно да се борат со криминалот, па, како тогаш, македонските функционери во изминатите 30 години влегуваат во власта како обични граѓани а си заминуваат од власта како најголеми капиталисти, се вели во соопштението од Единствена Македонија.