Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Единствена Македонија: Молкот на МАНУ на агресијата на македонските јаничари во БАН е соучество за кое се одговара

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Единствена Македонија силно го осудува очајничкиот обид за негирање на македонскиот јазик од страна на македонските јаничари во Бугарската академија на науките кои не издржале во историјата. Но, крајно симптоматично и загрижувачки на агресијата од БАН е целосниот молк и плашливост од страна Македонскат академија на науките и уметностите.Единствена Македонија ја потсетува МАНУ дека има примарна задача да ги брани националните интереси, а не да биде нем набљудувач на македонското обезличување, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

МАНУ мора да ја каже вистината која базира на историски извори како бо однос на потеклото и корените на македонскиот народ така и за татарско монголското потекло на бугарскиот народ.

— реклама —

Во спротивно, произлегува дека македонскиот народ наивно верувал дека во МАНУ е концентрирана врвната домашна памет која ќе ги брани националните и државните интереси, дотолку повеќе, и по 30 години самостојна држава за разлика од соседните држави единствено МАНУ нема изработено национална излезна стратегија како македонски проект.

Единствена Македонија ја предупредува МАНУ дека по доаѓањето на новата народна власт ќе има одговорност за сите антимакедонски проекти и доколку МАНУ остане соучесник во рушење на се што е македонско, за академиците одговорност мора да има, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

           

фото: Архива

                                                                                                                                                 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања