Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Единствена Македонија: Молкот на МАНУ за подарувањето на македонската историја на Бугарија е соучество за кое се одговара

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

За Единствена Македонија и македонскиот народ е крајно симтоматичен молкот на Македонската академија на науките и уметностите на се поагресивните барања на мешовитата македонско-бугарска комисија за ревизија на македонската историја, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Комисијата ја подарува македонската историја на Бугарија со признавањето на Цар Самуил за бугарски цар, дека Св. Климент и Св. Наум се испратени од бугарската држава и се хиротонисани во рамки на бугарската црква и најново дека Гоце Делчев е бугарски револуционер, а од страна на МАНУ целосен молк.

Единствена Македонија ја потсетува МАНУ дека има примарна задача да ги брани националните интереси, а не да биде нем набљудувач на македонското обезличување. МАНУ мора да ја кажува вистината која базира на историски извори како во однос на потеклото и корените на македонскиот народ така и за татарско-монголското потекло на бугарскиот народ.

— реклама —

Во спротивно, произлегува дека македонскиот народ наивно верувал дека во МАНУ е концентрирана врвната домашна памет која ќе ги брани виталните национални и државни интереси, дотолку повеќе и по речиси 30 години самостојна држава за разлика од соседните држави единствено МАНУ сеуште нема изработено национална излезна стратегија како македонски проект.

Единствена Македонија ја предупредува МАНУ дека по доаѓањето на новата народна власт ќе има одговорност за сите антимакедонски проекти и доколку МАНУ остане соучесник на марионетската власт во Скопје за бришење на се што е македонско, и за академиците одговорност мора да има, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања