Единствена Македонија: Мора да издржиме во битката за Македонија, не му било лесно и на Гоце Делчев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
goce-delcev

Денешниот ден од 117 годишнината од загинувањето на Гоце Делчев нека биде потсетник за целиот македонски народ дека единствени и сплотени мора да успееме против бугарско-грчкиот поход за бришење на Македонците од светската мапа на нации, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Борбата на Гоце Делчев беше создавање на независна македонска држава а нашата борба сега е истата да ја зачуваме пред налетот да се избрише се што е македонско.

— реклама —

Досега како Македонци го одржувавме споменот на Гоце Делчев со положување на цвеќиња, но, сега треба одбрана на остварениот идеал на Делчев - слободна и независна Македонија. Тоа нема да биде чекорење по едноставен пат, но, мора да издржиме оти нашата борба е исправна, ова е битка за Македонците, битка за Македонија, борба за опстанок на цел еден народ.

— реклама —

Не му било лесно и на Гоце Делчев. Можел Делчев да биде само учители а не идеолог и револуционер и со другите реовлуционери да си седат дома и да не одат во планините. Ама така ќе ја немаше Македонија.

За Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“, Гоце Делчев е столбот на Македонија, беше и ќе остане Македонец, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања