Промени тема
Контакт

Единствена Македонија објави јавен повик за избор на претседатели на општински комитети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
janko-bacev

Извршниот комитет на Единствена Македонија на својата редовна седница ја разгледа општествено-политичката ситуација во државата, а беше донесена и одлука за објавување на Јавен Повик за кандидирање на претседатели на Општински  комитети на партијата..

Со ова започнува процесот за внатрешно реструктурирање и реформи во Единствена Македонија со цел јакнење на партиските капацитети.

— реклама —

Единствена Македонија како партија која секогаш е на првата линија во одбрана на националните и државните интереси има обврска да ги ангажира најдобрите и најмотивираните кандидати во битката заедно со народот против злото во Република Македонија кое наметна безаконие, корупција, криминал и национално предавство.

Јавниот Повик важи за сите 80 општини во Република Македонија.

Кандидатите за претседатели на Општинските комитети на Единствена Македонија е потребно да достават допис за кандидирање со свои податоци. По доставувањето на кандидатурата, секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од Единствена Македонија и со него ќе биде извршен разговор.

— реклама —

Кандидатите треба својата кандидатура да ја достават најдоцна до 18 ноември 2020 година (среда) преку електронска пошта press@edinstvenamakedonija.mk или во инбокс на фејсбук страната на Единствена Македонија или во седиштето на партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања