Единствена Македонија: Обвинителството да го повика Георгиевски за изјавата дека странски центар го назначил Ден Дончев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, вчера обелодени во јавноста дека доскорашниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, бил наметнат од страна и тоа не од еден туку од повеќе странски центри, се вели во соопштението од „Единствена Македонија“.

— реклама —

Да потсетиме, Ден Дончев не беше директор било каде, туку, на институцијата која располага со најмногу државни пари - Фондот за здравственото осигуруавње со најголем годишен буџет од дури 700 милиони евра.

— реклама —

Обвинителството веднаш да го повика Георгиевски да даде изјава кој странски центар го инсталирал Ден Дончев да располага со 700 милиони евра на македонските даночни обврзници, дотолку повеќе, во јавноста деновиве излегуваат информации дека Ден Дончев нелегално  се стекнувал со милиони евра.

— реклама —

Единствена Македoнија во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ очекува обвинителството да реагира и да открие кој се тие од надвор со моќ недозволиво да одлучуваат за работи кои се исклучиво во внатрешната надлежност на Република Македонија, се вели во соопштението од „Единствена Македонија“.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања