Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Одлуката за протерување на руски дипломат е тешка провокација спрема Русија на антимакедонска основа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
bacev-1

Марионетската власт во Скопје длабоко го вознемири македонскиот народ и државјаните на Република Македонија со антимакедонската и антидржавна одлука за протерување на дипломат на Руската Федерација во Република Македонија. Зоран Заев и Стево Пендаровски невешто се обидоа да ја навредат интелегенцијата на народот, кажувајќи дека одлуката е заради заштита на безбедноста на Македонија, повикувајќи се на Виенската конвенција за дипломатски односи, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

Но, марионетите Заев и Пендаровски очигледно го изгубиле компасот, бидејќи безбедноста на Македонија во никој случај не е загрозена од Русија која никогаш не го довела во прашање територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, името и идентитетот на македонскиот народ, рускиот претседател Путин на отворена сцена рече дека писменоста доаѓа од македонската земја.

— реклама —

Исто така, во ова тешко време на здравствена криза Русија помага со вакцини, бидејќи, Русија секогаш помага во болка. Тоа е во националниот карактер на Русите. Помошта е секогаш искрена и чесна.

Одлуката за протерување е тешка провкација спрема Русија и преседан во меѓународните односи, како една држава ја користи сопствената дипломатија против сопствените интереси. Антимакедонската одлука против Русија е врв на полтронството, меѓутоа, марионетската власт во Скопје испушта од вид дека полтроните секој ги посакува, но, никој не ги цени.

Единствена Македонија како и македонскиот народ упатуваат извинување до Русија и цврсто го уверуваат рускиот народ дека зад оваа срамна и непријателска одлука спрема Русија, не стои македонскиот народ, туку одлуката е резултат на одродени Македонци во власта, корумпирани и со изгубено национално чувство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања