Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Покрај СЈО за криминалот на ВМРО- ДПМНЕ, да се формира уште едно Специјално обвинителство за СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Пред четири години беше формирано Специјално обвинителство кое требаше да го разоткрие криминалот на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Но, во случајот „Рекет„ сега излезе на виделина дека и фунцкионери од власта на СДСМ се носители на организиран криминал и висока корупција.

— реклама —

Денеска дојде и финалето. Во најновата снимка која излезе денеска стана јасно дека и Зоран Заев е вмешан во недозволивиот и непристоен пазар - давање милиони евра од бизнисмени во замена за нивна слобода.

— реклама —

Единствена Македонија презема една поактивна улога да помогне во изнаоѓање на решение кое ќе ни овозможи целосно расчистување со криминалот и од власта на ВМРО-ДПМНЕ и од власта на СДСМ.

— реклама —

Единствена Македонија иницира постапка за основање на уште едно Специјално обвинителство кое ќе го гони криминалот на СДСМ. Во постоечките околности кога веќе имаме Специјално обвинителство за гонење на криминалот на власта на ВМРО-ДПМНЕ и во услови на длабока поделеност меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, најдобро излезно решение за целосно расчистување со криминалот е да се формира уште едно Специјално обвинителство за гонење на криминалот и на СДСМ кој произлегува од прислушкуваните разговори.

За Единствена Македонија нема дилема. Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги бркаме криминалците без разлика од која партија доаѓаат. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и против носителите на организираниот криминал и висока корупција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања