Единствена Македонија: Полицискиот час важи за обичниот народ а не и за Оливер Спасовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Единствена Македонија како дел од Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија„ најостро регаира на селективното постапување на полицијата за непочитувањето на полицискиот час. Денеска слушаме дека полицијата синоќа привела 18 лица кои давале отпор при опоменувањето дека не го почитувале полицискиот час а 74 лица бие опоменети за непочитување на полицискиот час. Но, меѓу овие лица не е и техничкиот премиер Оливер Спасовски кого синоќа го виде целата јавност како за време на полицискиот час беше по улиците низ Скопје, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Ја информираме јавноста дека Оливер Спасовски нема право по ниеден закон да биде на улиците по Скопје за време на полицискиот час, а согласно правните прописи точно  е утврдено кои овластени полициски лица може да вршат контрола по улиците дали се почитува полицискиот час.

— реклама —

Односот на полицијата спрема Оливер Спасовски е уште еден пораз на правната држава од власта на СДСМ која не ферма закони. Најповиканите во државата, како што е техничкиот премиер Оливер Спасовски не го почитува полицискиот час и за него нема никаква одговорност.

— реклама —

Законите во оваа држава важат само за обичниот народ, а не и за функционерите на СДСМ. Одговорност мора да има за секој, законите мора да важи за сите, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања