Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Потсвеста е чудна работа, СДСМ призна дека за осудените за 27 април нема тероризам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

СДСМ на вчерашната прес конференција како реакција на големиот народен протест истакна дека народот протестирал за одбрана на насилство квалификувајќи ги осудените за 27 април како насилници, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

Го прашуваме СДСМ, ако е така, тогаш зошто лицата за 27 април не се судени за насилство кое е многу полесно кривично дело со пропишана казна во траење колку и досегашното четиригодишно лежење во затворските зандани.

— реклама —

Паднаа маските. Потсвеста е чудна работа. СДСМ потсвесно призна дека лицата за 27 април се осудени за наменско кривично дело тероризам, бидејќи самите на пресот рекоа дека имало кривично дело насилство.

Настрана фактот што лицата за 27 април се неправедно осудени со лажен заштитен сведок по петнаесетина години затвор. Зошто? Биле терористи. НЕ! Фрлени се во темните затворски зандани само поради неизмерната љубов кон Татковината.

Правно гледано, во Република Македонија монтираните судски процеси со лажен заштитен сведок се забранети. Одговорност мора да има, и ќе има.

Ја користиме приликата да упатиме благодарност до преку 20.000 кои дојдоа на собирот како и до сите кои даваат подршка на неправедно осудените за 27 април со што се враќа надежта за Македонија, таква каква што ја сакаме.

фото: Единствена Македонија

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања