Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Единствена Македонија: Продолжуваат привилегиите на Спасовски и врвот на МВР - по бесплатната храна добиваат и зголемена плата од 30 отсто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Пред дава дена ја информиравме јавноста дека Оливер Спасовски, негови заменик Назим Буши, државната секретарка во МВР Магдалена Несторовска и директорот за Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски со измени на интерни акти во МВР добиваат бесплатно јадење и пиење во специјалниот ресторан во министерската зграда во МВР. За разлика од нив, сите останати вработени во МВР како и сите вработени во државата сами од сопствен џеб си ја плаќаат храната во текот на работното време, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Но, ненародните привилеги на полицискиот врв продолжуваат. Спасовским, Буши, Несторовска и Тасевски имаат и статус на овластени службени лица во МВР за што добибата легитимација и пиштол и со тоа им се зголемува платата за 30 отсто, односно ќе добиваат дополнително од 15.000 до 20.000 денари.

— реклама —

Спасовски и полицискиот врв кој се политички лица на привремена работа во МВР и кој работат кабинетски и политички се изедначени со професионалните оперативни работници во МВР кои имаат статус на овластени службени лица.

Оливер Спасовски и раководството во МВР без грам морал и срам продолжува да се луксузира врз грбот на даночните обврзници и маката и потта на народот. Во ова тешко време на здравствена криза, самопрогласената полициска елита добива зголемена плата и бесплатно јадење и пиење во текот на работното време.

Живееме во време на ненародни привилегии за врвот на МВР. Ова лудило мора да запре. Мора да се воспостави системот со чесни политичари. Единствена Македонија нема да стои на страна и заедно со народот мора да го дадеме одговорот.

фото: Единствена Македонија

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања