Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Рамковниот се слави кај Албанците, предизвикува фрустрации кај Македонците и останатите малцинства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
237170755_954904728420771_1525934409158939343_n

Единствена Македонија денес организираше дебата по повод 20 години од рамковниот договор. На дебатата свое излагање имаа универзитетските професори Јове Кекеновски, Миодраг Лабовиќ, Јанко Бачев, амбасадорот Ристо Никовски и претседателот на Одборот на бранители Марин Најдов. Модератор на дебата беше Теодора Јовановска.

— реклама —

„Општ заклучок кај учесниците на дебатата е дека и по 20 години рамковниот договор се толкува различно - додека кај Албанците се доживува еуфорично и се слави, кај Македонците и останатите малцинства предизвикува фрустрации.

— реклама —

Исто така беше посочено дека договорот е сеуште неприфатлив и длабоко трауматичен за македонската национална свест, државата е редифинирана и го изгуби националниот карактер како што е кај сите современи држави во Европа кои во своите устави содржат референца за мнозинскиот народ а Македонците останаа без своја национална држава, меѓуетничките тензии, партизираната администрација, бинационалната држава, живот едни покрај други, наместо едни со други, фалсификуван попис од 2002 и најава на нов фалсификуван попис во 2021 година, надминување на застапеноста на Албанците-административци во некои институции и над 50 отсто, пробивање на рамката од договорот со што Албанците наместо бараниот еден добија три универзитети на албански јазик, т.н. бадинтеровто мнознство воопошто не се почитува на локално ниво од албански градоначалници, вон рамката ревидирање на општинските граници и доминантно албански општини во цела западна Македoнија и полициски началници во овие општини - Албанци, вака според експертската јавност беше претставена Македонија, 20 години по потпишувањето на рамковниот договор“, објавија од партијата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања