Единствена Македонија: СДСМ и Зоран Заев го губат компасот, го сметаат за голем успех тоа што Бугарија и Грција не множат со нула

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ реагира на соопштението на СДСМ со кое владеачката партија се фали со успеси на меѓународен план, дека почнуваме преговори со ЕУ и дека изјавата на Бугарија за бришење на Македонците не значи ништо, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Го повикуваме СДСМ да покаже датум за почнување на преговори за членство во ЕУ. Такво нешто нема. Формулацијата ЕУ ќе започне преговори со Македонија е толку воопштена што никој жив не може да ја каже нејзината прецизна содржина, а прашање  е дали некогаш и ќе  има преговори во услови кога ЕУ се распаѓа. Второ, одлуките кон членството на Македонија во Унијата се донесуваат едногласно и без исполнување на условите од Бугарија за бришење на Македонците ќе следи вето од бугарска страна и нема интеграции во ЕУ.

— реклама —

Како и да е, народот да не наседнува на лажната пропаганда на СДСМ и Заев. Дури, Македонија и утре да стане членка на ЕУ, пак ќе си биде исто. Доолку сами не си ја средиме внатре државата со чесни и честити политичари, никој од надвор нема да не направи држава со добар стандард

— реклама —

Но, СДСМ и Зоран Заев го губат компасот. Претходно Грција, а сега и Бугарија не множат со нула а владеачката партија го смета за успех бришењето на името, идентитетот, јазикот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ ветува дека ќе ја придвижи Македонија кон членство во сојузи и меѓународни организации согласно референдумската волја на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија од 30 септември 2018 година, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања