Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Скандал е на денот на изборите само членови на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на кутиите да земат дневница од буџетот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Во пресрет на денешната 123-та седница на Собранието за измените на Изборниот законик ја информираме јавноста дека Единствена Македонија во поднесениот предлог-закон во Собранието покрај барањето за промена на изборниот модел во една изборна единица има поднесено уште еден многу битен амандман кој вешто се крие од јавноста, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Единствена Македонија.

— реклама —

Со Амандманот се бара еднаквост на претставниците на сите партии на 3.480 избирачки места. Недозволиво и крајно недемократски е запишаното во членот 19 став 2 од Изборниот законик само претставниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на кутиите на денот на изборите од 07 до 19 часот да добиваат дневница од буџетот, а претставниците на другите партии кои предлагаат набљудувачи во смила на член 22 став 1 треба да ги платат од сопствени средства. А станува збор за 3.480 набљудувачи и нивни заменици или севкупно 6.960 лица на кутиите на изборниот ден што е голем финансиски товар. Буџетот го полнат сите граѓани и оттука или дневница за претставниците на сите партии на денот на изборите или за никој.

— реклама —

На СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ устите им се полни со демократија и еве им прилика со усвојувањето на амандманот на Единствена Македонија да обезбедат фер и рамноправен изборен натпревар во кој ќе победи најдобриот, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Единствена Македонија.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања