Единствена Македонија: Скандал е за време на кризата власта да финансира од буџетот дури три албански универзитети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Во ова тешко време со коронавирусот кое досега одзеде 30 животи, а преку 100.000 луѓе останаа без работа, владата на СДСМ и Зоран Заев се расфрлаат со буџетски пари за финансирање на албанските универзитети во Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Пред два дена, власта на СДСМ му додели буџетски пари на Универзитетот на Југоисточна Европа - Тетово. Но, власта од буџетот исто така ги финансира и Државниот универзитет во Тетово и Универзитетот „Мајка Тереза“.

— реклама —

Потсетуваме, своевремено албанското малцинство во државата бараше еден, а  марионетските власти во Скопје низ годините им дадоа дури три универзитети на албанците финансирани од народни пари од буџетот.

— реклама —

Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ најостро ја осудува оваа неприродна и недозволива состојба во која дури три државни универзитети на албанското малцинство се луксузираат врз грбот на македонските државни обврзници. Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ ќе го преиспита ваквото работење, одговорност мора да има, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања