Единствена Македонија: Скандал, министерот и неговата заменичка во МВР разговараат преку писма

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Единствена Македонија и македонскиот народ најсилно го осудуваат погубното однесување и отворената нетрпеливост меѓу министерот и неговата заменичка во МВР. Недозволиво и крајно опасно е првите луѓе во МВР да не сакаат да се видат меѓу себе и се допишуваат со писма иако кабинетите им се еден до друг. Единствена Македонија прашува, а што ако сме во војна или дојде до посериозно загрозување на редот и поредокот во државата,  дали во таков случај првите луѓе во МВР би функционирале како старешини на две спротиставени полициски војски, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Личната нетрпеливост меѓу првите луѓе во МВР кои не сакаат дури и да се видат меѓу себе е скандал сам по себе и голем срам во очите на домашната и светската јавност.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ прават недозволиви импровизации и го сведуваат МВР на обични бројки - колку партиски началници ќе добијат, колку возила ќе им дадат на своите партиски апаратчици да се луксузираат со службени возила. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не можат да разберат дека го растураат едно од најзначајните министерства одговорно за безбедноста, редот и поредокот во државата.

— реклама —

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ги сосече во корен ваквите неодговорни и опасни политики. Единствена Македонија државните функции ќе ги довери врз основа на знаење, способност и достигнување, велат од од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања