Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Единствена Македонија: Скандал, сите 63 советници на Заев правно неписмени, не знаеле дека е незаконски да биде и премиер и министер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Единствена Македонија изразува шокираност од непознавањето на законските прописи на големиот број советници на Зоран Заев во Владата на Република Македонија. Скандалозен е податокот дека според Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (член 44) функцијата премиер и функцијата министер се неспојливи, а советниците на Заев во владата тоа не го знаеле, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на Единствена Македонија.

— реклама —

Заев се избламира на отворена сцена со незаконското себеназначување за премиер и министер за финансии. Но, случајот е и голем меѓународен срам за државата оти на Заев во владата му делат памет правно неписмени советници кои не ги познаваат законите во државата, што само по себе е штетно и за националните и државните интереси.

— реклама —
— реклама —

Заев има 39 надворешни соработници со плата од 1.200 до 1.500 евра и заедно со посебните советници во неговиот кабинет чинат вкупно 63 советници и за кои годишно за плати се трошат 1,5 милион евра народни пари од буџетот.

— реклама —

За време на власта на Зоран Заев во земјата владее безаконие, корупција и бесмилосен грабеж на народни пари од позиција на власт, фамилијарност, непотизам, партизираност при ангажирање на кадри во државните институции. Наивно сме верувале дека Заев ги бира советниците во владата врз основа на знаење, способност и достигнување - па, кој, ќе го пљачка тогаш македонскиот народ и државјаните на Република Македонија, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања