Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Единствена Македонија: Скандалозно е третирањето на МВР и обвинителството како приватна фирма на Мицкоски и Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Единствена Македонија е згрозена од јавното лицитирање и договарање меѓу Мицкоски и Заев колку началнички места добиваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во МВР, па кој да го предлага јавниот обвинител иако се работи за клучните државни институции, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Зоран Заев и Христијан Мицкоски и должат одговор на јавноста од каде извира нивното право да го приватизираат МВР и обвинителството и изборот на кадри во овие органи да го вршат по партиска линија.

— реклама —

Заев и Мицкоски  директно газат по законите во државата и ја поразија правната држава оти знаат или би требало да знаат дека МВР и обвинителството не може да се третира како партиска забава туку, треба да се базираат на оглас според знаење, способност и достигнување.

— реклама —

Новата власт на Единствена Македонија која доаѓа ветува дека во корен ќе ја сосече погубната практика на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за партизираност на МВР и обвинителскиот систем во изминатите 30 години кој им овозможува да влегуваат во власта како голтари а да си заминуваат од власта како најголеми капиталисти, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања