Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Единствена Македонија: Скандалозно е владата да моли за вакцини од Бугарија, здравјето не трпи политички калкулации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bacev-1

Владата во Скопје и во случајот со вакцините за коронавирусот покажува дека нема институционален капацитет. Додека сите земји членки на ЕУ како и земји не- членки на ЕУ како што се Велика Британија и Србија набавија потребни количини на вакцини, владата во Скопје се определува за понизно молење на вакцини од Бугарија.

— реклама —

Политиките на владата во Скопје доживеа целосен неуспех на секој план. Во земјата владее безаконие, криминал, корупција и национално предавство а сега владата калкулира и со здравјето на народот, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

На Македонија сега и е потребна искрена и вистинска помош и затоа владата треба веднаш да обезбеди количини и од вакцината „Фајзер“, и од руската вакцина „Спутник“ и од кинеската вакцина и народот да има избор помеѓу повеќе вакцини. Свесни сме дека власта е преплашена штом во било кој контекст се спомнува Русија или Кина. Но, сето тоа во овој момент е небитно. Сега е најбитно здравјето на народот. Здравјето на луѓето не трпи политички калкулации.

Единствена Македонија е против задолжителноста на вакцините и останува на ставот секој лично да се определи дали ќе се вакцинира или нема да се вакцинира.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања