Единствена Македонија: Со владиниот Протокол за гласање ќе можат да гласаат околу 400 илјади бирачи, гласањето да трае 3 дена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Министерот за здравство денеска го промовираше Протоколот за спроведување на изборите. Но, доколку доследно се спроведат предвидените мерки за гласање, на денот на гласањето во периодот од 07:00 до 19:00 часот ќе може да гласаат околу 400 илјади избирачи, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ бара владата со уредба со законска сила да изврши измена во Изборниот законик и да овозможи гласањето да трае 3 дена, со што би се постигнала што е можно поголема излезност на денот на изборите.

— реклама —

Единствена Македонија го реафирмира ставот дека гласањето со маски, ракавици, во редици, т,н социјална дистанца, миење раце пред и по гласање, промена на пенкало за секој гласач... јасно е дека во такви услови излезеноста ќе биде мала а и временски во еден ден не може да гласаат сите оние што сакаат да гласат.

— реклама —

Единствена Македонија очекува кога веќе не се прифати нашиот предлог за електронско гласање, да се прифати предлогот гласањето да трање 3 дена како би се овозможило што е можно поголема излезност. Во спротивно, уште сега е јасно дека избори со мала излезност нема да бидат фер, чесни и легитимни,  се вели во соопштението од Единствена Македонија.

фото: Единствена Македонија

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања