Единствена Македонија: Стопанската комора ги испомешала работите, нивните олигарси во криза треба да дават, а не да земат од народот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Во ова тешко време на кризата со коронавирусот, народот со неверување ја слуша најновата иницијатива од Стопанската комора на Македонија за зголемување на акцизата на горивата. Стопанската комора очигледно ги испомешала работите, бидејќи, во услови на тешка криза потребна е помош а не пљачкање на народот, се вели во соопштението од Единствна Македонија.

— реклама —

Но, во интерес на вистината треба да се каже дека Стопанската комора застанува против народот од оправдани причини:  Комората е своевиден картел на интересите на луѓето кои ја опљачкаа Македонија во криминалната приватизација и постприватизација со грабеж на 15 милијарди евра народен имот во изминатите 30 години. Работите стануваат појасни ако се знае дека токму овие транзициски олигарси се всушност членките во Стопанската Комора.

— реклама —

Транзициските олигарси во изминатите 30 години  се научени да земаат, а не да даваат на народот. Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ изразува надеж дека власта нема да ја прифати оваа иницијатива на Стопанската Комора против народот, се вели во соопштението од Единствна Македонија.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања