Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Единствена Македонија: Тајната служба се полни со терористите од ОНА а масовно се отстрануваат Македонците - професионалци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Секојдневните информации дека  скоро половината од вработените во Управата за безбедност и контраразузнавање не ја поминале селекцијата да преминат во новоформирата Агенција за национална безбедност поради неисполнување на општите и посебни законски услови, е најперфидно замајување на јавноста, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Вистината е дека  процесот на селекција на кадри во новоформираната АНБ која ја наследи УБК е всушност само параван за полнење на тајната служба со партиски кадри на СДСМ и ДУИ кои во голем дел се всушност припадниците на терористичката ОНА, со цел, задоволување на потребата од фалсификуваниот попис од 2002 година со кој Албанците лажно беа прикажани дека се 25,17 отсто.

Агенцијата за национална безбедност се полни со терористи од ОНА без вршење на задолжителни безбедносни проверки  а од тајната служба масовно се отстрануваат Македонци - професионалци со децениски работен стаж.

— реклама —

Секојдневните силни написи за суштински реформи во Службата за државна безбедност се едно големо ништо оти во заднина македонската тајна полиција си останува она што беше – служба за гонење на т.н. внатрешни непријатели и политичките неистомисленици.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа има готов концепт за вистинска реформа во Службата за државна безбедност со цел да се направи мала, ефикасна и високо оперативна служба за разузнавачка и контраразузнавачка заштита на државата, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања