Промени тема
Контакт

Единствена Македонија: Трагедија, Димитров го слави Договорот од Преспа со кој се откажува од татко му Димитар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

„Во општата еуфорија и веселба на марионетската власт во Скопје по повод грчката ратфикација на Договорот за промена на името предначи потписникот на договорот Никола Димитров, кој, договорот го нарече дури визионерски патриотизам и дека е горд тоа што го направил иако со договорот се брише светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Договорот за промена на името со кој се брише се што е македонско е голема трагедија не само за македонскиот народ и македонската држава, туку преставува голема лична трагедија и за самиот Никола Димитров.

— реклама —
— реклама —

Според Договорот за промена на името (член 7), Македонците од Егејска Македонија и Македонците од Република Макеоднија се различни етноси со свои посебни одлики. Министерот Никола Димитров е роден во Република Македонија а татко му Димитар Димитров е роден во Егејска Македонија,  и сега според договорот тие - татко и син не се исти Македонци. Значи, со договорот одат дури против природата и природните законитости.

— реклама —

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе го поништи договорот за промена на името со што ќе му помогне и на Никола Димитров да биде свој на своето со татко му Димитар без оглед што Никола Димитров нанесе големо зло на Македонија и Македонците со поптишувањето на капитулантскиот Договор од Преспа“, стои во соопштението на Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања