ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Единствена Македонија во име на македонскиот народ се извинува на хрватскиот народ за срамната симболична помош за земјотресот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zemjotres-111

Владата во Скопје продолжува со бламирањето на Република Македонија на меѓународната сцена. Со одлуката за доделување на 6 милиони денари за Хрватска, по силниот земјотрес во Петриња, власта во Скопје уште еднаш по кој знае пат ја понижи Македонија во очите на други држави а пред се во очите на хрватскиот народ, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Од партијата во истото додаваат:

Подобро да се организираше донаторска конференција за Хрватска и многу повеќе ќе се собереше отколку владината помош со симболичните 6 милиони денари.

— реклама —

Македонија е држава со буџет од 4 милијарди евра, држава во која секојдневно се врши злосторство врз буџетот од лица блиски до власта, милиони евра народни пари се пљачкаат и земаат како во самопослуга и завршуваат во приватни џебови. Во земјата владее безаконите, криминал и корпупција. Оттука, што може да се очекува од власта во Скопје, која слушнала за меѓудржавна солидарност по повод природни несреќе, но, не го разбрала тоа.

Затоа, Единствена Македонија во име на македонскиот народ длабоко му се извинува на пријателскиот хрватски народ за срамната и недолична симболична помош.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања