Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Во услови на тежок изборен фалсификат, доколку Заев има грам морал веднаш да бара нови избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Fotogarfija

Зоран Заев доколку има грам морал, совет и одговорносот веднаш да побара распишување на нови избори. Целиот народ гледа дека изборите на 15 јули се тежок изборен фалсификат во режија на власта а особено загрижува монструозниот план на марионетската власт и нејзините странски ментори за колатерална штета и изборен фалсификат спрема Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ во контескт на битката за влијание во Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Но, иронијата да биде поголема, фалсификаторите на изборите, СДСМ и ДУИ, сега не можат да се договорат ниту за мнозинство врз основа на фалсификуваниот изборен резултат.  Ова покажува дека изборите се само параван за натамошно распарчување на Македонија, бидејќи, СДСМ и ДУИ не договараат мнозинство врз основа на изборни програми, туку, преговараат како до натамошно распарчување на Македонија, односно, после јазичната да се инагурира и територијална федерализација и на крај конечно распарчување на Македонија.

— реклама —

Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ никогаш нема да ги признае фалсификуваните избори од 15 јули и никогаш нема да ги признае антимакедонските постизборни договори меѓу СДСМ и ДУИ. За рушењето на Македонија и Македонците, одговорност мора да има.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања