Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Единствена Македонија: Заев да каже во чии џебови се слеа поткупот од Грција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Зоран Заев очајнички ширеше лаги за руски пари во Македонија надевајќи се дека лажната пропаганда ќе му помогне на референдумот, велат во соопштение од партијата Единствена Македонија.

Оттаму исто така констатираат дека лагите на Заев не поминале, а македонскиот народ и поголем дел од граѓаните масовно го бојкотирале референдумот на 30 септември.

— реклама —

„Вистината е како шило. Врти, врти, па ќе излезе на виделина. Вистината е навистина како шило и излезе на виделина. Се виде дека во Македонија немало руски пари, туку имало грчки пари. Им благодариме на грчките министри Панос Каменос и Никос Коѕијас, кои на седница на грчката влада обелоденија дека во грчкото Министерство за надворешни работи имало таен фонд од 50 милиони евра за купување политичари, новинари и медиуми во Македонија за промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ“, се наведува во партиското соопштение.

Од Единствена Македонија истакнуваат дека и по пет дена од оваа, како што ја нарекуваат, скандалозна информација, од власта има целосен молк. Поради тоа, го повикуваат премиерот Заев да каже како и меѓу кого се поделени 50 милиони евра во Македонија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања