Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Заев ги претвора државните органи во испостави за партиските вработувања на ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Скандалозно е вчерашното објавување на начинот на кој ќе се распоредуваат 1.349 вработувања според проценти, кои десет години седеа дома, земаа плата и го чинеа буџетот 100 милиони евра. Според законската формула, вработените по рамковните проценти добиваат понуда да одат во најпосакуваните државни органи. Тие што нема да прифатат, нема да добијат отказ, туку се префрлаат на некаква измислена трансфер листа. За тоа време се одмораат од првата понуда и размислуваат, а потоа им се дава втора понуда и пак ќе бидат замолени дали сакаат да работат во државни органи. Дури ако и втората понуда не ја прифатат, тогаш им престанува работниот однос, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

Вакви привилегии, да се бира вработување во државни органи со дури две понуди немало за ниту еден вработен Македонец во самостојна Македонија. Македонците во сопствената држава стануваат граѓани од втор ранг.

— реклама —

Скандалозно е тоа што Зоран Заев ги претвора државните органи во испостави за вработувања на партиските војници на ДУИ.

Македонија ќе оди напред само кога Македонците ќе бидат свои на своето и законите ќе важат за сите. Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги бркаме таквите кои Македонците во сопствената држава ги направија граѓани од втор ранг. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за Македонија во која законите ќе важат за сите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања