Промени тема
Контакт

Единствена Македонија: Заев го призна нашето тврдење дека проблемот се македонските јаничари а не Бојко Борисов кој е горд на татарското потекло

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bacev-1

Зоран Заев во интервју за еден од медиумите на „ѕверот“ наречен „Дојчле Веле“, потврди дека бугарскиот премиер Бојко Борисов не е пречка за Македонија. На тој начин Заев најпосле собра храброст да го признае она што Единствена Македонија го кажува во изминатите три години дека проблемот меѓу Македонија и Бугарија го прават македонските јаничари од типот на Захариева, Каракачанов, Ковачев... кои не издржале во историјата, а Бојко Борисов не е никаков проблем бидејќи тој е горд на своето татарско потекло, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Тие во истото додаваат:

— реклама —

Патем, Захариева, Каракачанов и Ковачев уште еднаш ја потврдуваат поразителната македонска вистина дека македонските јаничари кои живеат во Бугарија и не издржале во историјата се најсилната војска на велико-бугарската идеологија насочена кон асимилирање и негирање на македонскиот народ.

— реклама —

Заев од почит кон својот „брат“ Борисов, сега е во обврска да ги приложи пред јавноста неспорните историски факти дека немаме проблем со Бугарите кои се горди на своето татарско - монголско потекло и дека проблемот се одродените македонски јаничари во Бугарија кои потклекнале пред егзархиската пропаганда. Заев должи одговор на народот за вистината која базира на историски извори за македонските јаничари во Бугарија и татарско-монголското потекло на Бугарите, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања