Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Единствена Македонија: Заев ја кажа според него убавата (антимакедонска) вест од Шпанија, а ја крие вистинската убава вест од Шпанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
15

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во изјава за медиумите вели очекува убави вести од Шпанија, односно, дека овој месец Шпанија ќе го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО, со што, до крајот на јануари би завршиле сите процедури и во македонскиот парламент за членството во НАТО, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Го потстетуваме Заев дека членството на Македонија во НАТО е лоша вест оти народот не стои зад ова одлука на марионетската власт во Скопје. Македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија лани на 30 септември референдумски се изјаснија дека не сакаат членство на Македонија во НАТО, ЕУ и промена на вековното македонско име.

Но, од Шпанија има и добра вест која Заев не ја спомнува. Блокадата во шпанскиот парламент и неизборот на тамошната влада е поради тоа што на последните избори во ноември лани, по цели 40 години беше разбиен двопартизмот во Шпанија меѓу Шпанската социјалистичка работничка партија и Конзервативната народна партија и во Шпанскиот парламент влегоа патриотски партии кои го нарушија традиционалиот двопартизам. Но, за ова од Заев - целосен молк!

— реклама —

Шпанија после 40 години го сруши двопартизмот. Генерално, и во цела Европа се руши двопартизмот и во тамошните парламенти влегуваат национални и патриотски партии.

Во Република Македонија 30 години СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се менуваат на власт, а на земјата не и оди добро. Единствена Македонија го почна процесот на рушење на двопартизмот во Македонија, храбро, решително и во интерес на народот. Единствена Македонија го прави долгоочекуваниот чекор. На потег е народот на изборите на 12 април, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на Единствена Македонија.

фото: Единствена Македонија

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања