Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Заев лаже штом ќе зине - се сретнал со дијаспората, а на средбата немаше македонски организации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Зоран Заев продолжува да влегува од лага во лага и да лаже на очиглед на целокупната македонска јавност. Заев синоќа беше жив фатен во нова лага која само потврдува дека пучистичката власт постојано се обидува да ја замајува јавноста откако стана јасно дека Македонците во земјата и во светот се определија до крај да ги бранат македонските национални интереси, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Денес владата информираше за средба на Заев со наводни македонски организации од Швајцарија, Белгија, Луксембург, Германија, Италија, Турција, САД, и нивна наводна подршка за политиките на Заев против македонската држава и македонскиот народ.

— реклама —

Во интерес на вистината, го повикуваме Заев да ги каже со точен назив, кој македонски организации биле кај него на средба во владата за наводна подршка на неговите политики!?

— реклама —

Одговорот на ефтината лага на Заев е однапред познат. Немаше ниту една македонска организација на средба кај него, бидејќи организациите на Македонците во странство промовираат семакедонско обединување на основа на Платформа за обединување, со цел, поништување на сите антимакедонски акти na Заев за бришење на се што е македонско, со што Македонците во земјата и светот, единствени и сплотени, јасно ја изразуваат својата намера за борба до конечна победа против предавниците на македонското дело како единствен можен начин да се спречи обидот на власта во Скопје и нивните странски ментори да ги избришат Македонците од светската мапа на нации со промена на името и идентитетот на македонскиот народ, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања