Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Единствена Македонија: Заев повторно излажа дека Македонија нема алтернатива на НАТО и ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Зоран Заев продолжува да лаже штом зине. Во најновото интервју за „Евроњус„ на грчки јазик повторно излажа дека Република Македонија нема алтернатива и дека без Европската унија „ќе бидеме изгубени во темница“.

— реклама —

Очигледно некој е изгубен во Македонија, но, тоа не е народот, туку, Зоран Заев, оти Република Македонија има алтернатива на геноцидните организации НАТО и ЕУ кои вршат бришење на цел еден народ од светската мапа на нации, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

— реклама —

За Единствена Македонија нема дилема. Светот е многу поширок и не завршува во Брисел и Вашингтон. На Република Македонија и треба членство во сојузи кои не го доведуваат во прашање името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Токму таква понуда дојде вчера од Брисел, но, од една друга адреса - Постојаниот претставник на Русија во ЕУ и понуди на Македонија да се придружи на Евроазиската економска унија во која како Македонци ќе бидеме свои на своето.

— реклама —

Единствена Македонија смета дека е созреан моментот Македонија да размислува за нови сојузништва, и оттука, треба да се разгледа оваа руска понуда која всушност е реафиримирање на една претходна понуда на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, дека Русија има алтернатива за сите балкански држави.

— реклама —

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ја почитува волјата на народот од референдумот лани на 30 септември дека не сака во ЕУ и НАТО и промена на името и ќе ја придружи Македонија во сојузи и меѓународни организации согласно волјата на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања