Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Злосторничко здружување меѓу Заев, амбасадата на САД и Тодевска, сквернавење на химната е кривично дело

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Единствена Македонија најостро го осудува синоќешното сквернавење на македонската химна на прославата во американската амбасада со бришењето на имињата на апостолите на македонското револуционерно движење од текстот на химната.

— реклама —

Според Кривичниот законик, во главата кривични дела насловена како „Повреда на угледот на Република Македонија“, јавното изложување на подбив на Република Македонија, нејзиното знаме, грб или химна е пропишано како кривично дело.

— реклама —

Американската амбасада, Зоран Заев и пеачката Тамара Тодевска излегоа со усогласено тврдење дека станува збор за грешка. Да се тврди во еден глас дека пеачката направила грешка е крајни индикативно и упатува на меѓусебна координација во ова злосторство спрема Република Македонија.

— реклама —

Земајќи предвид дека изложувањето на подбив ан химната е кривично дело, надлежните органи покрај иницирањето на кривична постапка имаат обврска да испитаат и дали во случајот има и злосторничко здружување меѓу пеачката Тамара Тодевска, американската амбасада и нивната марионета Зоран Заев во рамките на геноцидниот проект за уништување на македонскиот народ и македонската држава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања