Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Зошто Заев се плаши да ги испита Карпалак, Вејце, Љуботенски пат, во кои извршители се неговите колеги од ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Зоран Заев врши масовно испитување на случаите за кои се заинтересирани неговите миленици Албанци, како што се, Диво Насеље, Монструм, Бродец, Сопот и притоа со политички одлуки на СДСМ и ДУИ масовно се ослободуваат инволвираните Албанци во овие случаи.

— реклама —

Единствена Македонија по повод 18 години од крвавиот масакр кај Карпалак го повикува Зоран Заев да ги испита случаите за кои е заинтересиран и македонскиот народ, како што се Карпалак, Вејце и Љуботенски пат, а во кои македонските бранители беа пратени во заседа и мораа да загинат во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на државата, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Единствена Македонија е свесна за стравот кај Заев да ги расчисти случаите со македонските бранители, земајќи предвид дека убијците на бранителите седат рамо до рамо со Зоран Заев во извршната и законодавната власт на СДСМ.

— реклама —

За Единствена Македонија нема дилема. Загинувањето на бранителите кај Карпалак, Вејце и Љуботенски пат во едни од најкрвавите и најбруталните масакри во поновата македонска историја од страна на колегите на Заев од ДУИ, мора да се расчистат.

Дотолку повеќе, испитувањето на случаите со македонските бранители може да оди многу лесно, бидејќи во македонската тајна полиција знаат што се случи, односно, постојат оперативни докуметни во кои детално се опишани учесниците од терористичката ОНА, а сега камуфлирани во политичката партија ДУИ, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања