Единствена Македонија:Талат Џафери продолжува со опасните провокации спрема македонскиот народ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

„Талат Џафери продолжува со опасните провокации спрема македонскиот народ и македонската држава со неуставното објавување на законот за јазици и законот за ратификација на Договорот за промена на името без потпишување на указот од претседателот Иванов.

— реклама —

Освен нелегално избран за собраниски претседател, Талат Џафери покажува и правна неписменост оти без потпис на указот од Иванов нема закони и Уставниот суд ќе мора тоа да го констатира.

Правната неписменост на Џафери е негова лична работа, меѓутоа, за Единствена Македонија самоволието на Џафери за туркање на јазичната федерализација како преодна етапа до територијалната федерализација со крајна цел создавањето на Голема Албанија во која влегуваат и делови од Република Македонија, е крајно вознемирувачко и опасно.

— реклама —

Единствена Македонија во име на македонскиот народ го предупредува Талат Џафери да не се расфрла со провокации оти Македонците се при крај со своето трпение од секојдневните провоцирачки и веќе здодевни барања на албанското малцинство за нови и нови права“, стои во соопштението на Единствена Македонија

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања