Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Единствена партија што може да го смени ова што го прават СДС и ДУИ е ВМРО-ДПМНЕ, смета Мисајловски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
vlado-misajlovski

„Го имаме првиот ден каде во центар на плоштадот се владините возила на техничкиот премиер и со тоа да покажат дека владеат во општеството, најмоќни и тие мускули треба покажат и страв кон нивниот електорат, но има доволно простор во овие 100 дена народот да ја оцени оваа политика што се случувала изминатите години. Има име и презиме за одговорен политички субјект на сето ова, а тоа е СДС“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во вечерашното гостување.

Тој продолжи и додаде дека СДС нема проблем што било да изгласа само да остане на власт.

— реклама —

„СДС се ќе направи само за да остане на власт, изминативе години ние секој еден ден, низ многу емисии, низ народот кажуваме дека СДС е приврзок бидејќи на нив не им е битно дали македонштината веќе се губи, дали идентитетот македонски се губи“, кажа Мисајловски.

— реклама —

Тој е дециден дека власта прави европски фронт и прават конспирација кој на која страна е бидејќи нема што да им кажат на граѓаните.

— реклама —

„Овие 100 дена повторно ќе бидат фолклор, естрада. Ништо нема да функционира бидејќи во овие 100 дена техничката Влада има улога како да направи фер и демократски избори. Минатите технички влади имаа лошо искуство и ние затоа велевме многу пати дека ова е непотребно“, изјави Мисајловски.

Тој посочи дека единствена партија што може да даде придонес за сето ова да се смени и да се има светла иднина е ВМРО-ДПМНЕ.

„Потребно е граѓаните на 8ми мај да излезат што помасовно референдумски и да ги казнат бидејќи се друго е алиби. Многу пати ќе слушнете сите се исти, па зошто би гласал, разочаран сум. Ако седите дома тогаш уште повеќе ќе бидете разочарани секој еден кој седи дома. Сега е моментот да се даде гласот на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи единствената партија што ќе ги промени сите овие работи е ВМРО-ДПМНЕ“, дециден е Мисајловски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања