ВО ЖИВО

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Единствената девојка која скокна по крстот во Велес: Не се откажувам, ќе скокам сè додека не го фатам!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
eli-366856

Меѓу 71 православни христијани, кои денеска скокнаа во водите на Вардар во Велес за Богојавление –Водици, беше и единствената девојка,  28 – годишната Ели Апостоловска, вработена во Армијата, во Воената полиција. Таа досега три пати се пријавувала за учество, а два пати скокала по светиот крст во водите на Вардар. За МИА, потенцира дека крстот бил блиску до неа, но среќа прв да стигне до крстот имал нејзиниот колега од Армијата, Игор Василевиќ.

— реклама —

— реклама —

Апостоловска  потенцира дека и во наредните години за Водици не се откажува и ќе се пријави да скока по крстот во водите на Вардар, а се надева дека ќе и се насмевне среќата и ќе го фати светиот крст за Водици. Воедно, таа потенцира дека е многу среќна што била учесник и е горда што е дел од традиционалната манифестаци, која е многу значајна за христијаните.

— реклама —

– Имав преголема желба и така се пријавив. Исто како кога требаше првпат да скокам, така и овој пат,  синоќа цела вечере не можев да заспијам од возбуда. Преубаво се чувствувам и сум многу среќна што влегов во осветените води на Вардар.Тоа значи и здравје и среќа, појасни за МИА, Апостоловска.

Ели Апостловска во Армијата работи од 7 септември 2015 година. Прво се вработила во Полкот за специјални операции – Ренџери, па во чета за Логистичка поддршка, а сега е во Воената полиција во Касарната „Илинден“ во Скопје.

Таа ни сите православни христијани им го честита празникот Богојавление Водици и им посака многу здравје и среќа.

Извор: Миа.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања