Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Единствени кои имаат бизнис интереси од Град Скопје се тандемот Тачела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
300856868_623658112719457_2847905519691291869_n

„Единствени кои што има бизнис интереси во град Скопје се тандемот Тачела (Ковачевски и Арсовска)“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

— реклама —

Еден од стожерите на тандемот Тачела и коалицијата на неврзаните (СДС, Левица и ДУИ) е и договорот за набавка на гориво за ЈСП од енормни 27 милиони евра. Без попуст од 6 денари, како што до сега било пракса. Овој договор го потпишува Алексансар Стојковски, директор на ЈСП, кадар на СДС, назначен од Арсовска. И само од овој договор, заради немањето попуст буџетот на претпријатието е оштетен 1.4 милиони евра.

— реклама —

Доколку во договор за набавка на горивото кој ЈСП го склучува со Пуцко Петрол имаше попуст од 6 денари, ќе имаше пари за приватните превозници.

ЈСП е под целосна контрола на СДС. И договорот за набавка на гориво е дел од договорот за коалиција помеѓу Ковачевски и Арсовска.

— реклама —

Арсовска и СДС треба да одговорат дали го прават целиот хаос во градот, за наместо приватните превозници, превозот да го земе бугарска фирма?

— реклама —

Дали целиот хаос е намерно креиран за да се преземе превозот од приватните превозници и да се даде на некој по мерка на Арсовска?

Дали скопјани се жртва на нечии бизнис интереси?

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања