Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, на 26 и 27 март 2019 година ќе реализира работна посета на Франција.
За време на посетата, министерот Адеми ќе оствари средби со претставниците на дијаспората од Република Македонија во Франција, а посебно ќе оствари посета на општината Вилжуст во Фрнација, чиј градоначалник е Игор Тричковски со кога ќе реализира и работна средба.
Покрај средбите со дијаспората, министерот Адеми ќе оствари билатерални средби Претседателот на групата за македонско-француско пријателство во Националното собрание на Франција, Бертан Сор и пратеничката Лилиан Танги која е и член на Комисијата за надворешни работи при Националното Собрание.
Фокусот на средбите со соговорниците , ќе биде ставен на можностите за унапрдување на билатералната соработка во во сите области од заемен интерес, унапредувањето на положбата на нашата дијаспора и нивна инклузивност во економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот живот во Франција како и за актуелните политички цели на влада на Република Северна Македонија со посебен акцен на ЕУ и НАТО интеграција на нашата држава