Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Една година од апсењето на Николовски за дојавите за бомби: Истрагата активна, телефонот и лаптопот кај обвинителот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2023-11-02-at-15.34.30

Никола Николовски, познат како Боемот 2.0 кој пред една година беше уапсен за дојавите за бомби - се уште не ги добил назад одземените уреди. Нивното вештачење е завршено веќе месеци наназад, а во нив не е најдено ништо. Сепак, обвинителот и МВР ги држат кај нив. Тој тврдеше дека сакале да го замолчат, а истото го повторува и сега.

„Филмско апсење, тортура по полициски станици, помпезни најави по медиуми и владин пи-ар дека ме уапсиле како дојавувач за бомби. Среќа вистината е доволно моќна, па не успеаа да ме наместат. Доживеав огромен стрес, а сцените од тој втори ноември како флешбекови сѐ уште се присутни. Ви благодарам за поддршката на сите кои ни за момент не се посомневавте во мене. По овој датум ништо не е исто, на многу луѓе сум должен кои ми помогнаа да се издигнам од оваа бездна и ми докажаа дека се тука покрај мене кога е најпотребно“, вели Николовски.

— реклама —

Тој потенцира дека во Македонија има замолчувања преку лишување од слобода, притисоци и тортури.

— реклама —

„Од тогаш помина многу време а сѐ што има ново околу ова е СТАТУС КВО. Предметот сѐ уште е активен и сѐ уште не ги добив назад мојот телефон и лаптоп. Затоа и нема да соопштувам дополнителни детали, се надевам дека еднаш засекогаш ќе се расчисти ова. Велат 'тоа што не те убива - те прави посилен'. Оваа мисла јас ја доживеав во пракса, но беше добра поука и школо за она кое допрва следи - во политиката не се бираат методи да те оцрнат. Како тогаш, така и сега - продолжувам со засилено темпо. А на крајот, ако ништо друго - добив face reveal како од филмовите“, додаде тој.

— реклама —

И по повеќе од година, не се откри кој ги испраќаше дојавите за бомби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања