Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Една минута молк - да одадеме почит на загинатите полициските службеници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
158039427_4016450318411458_8684290030944678325_n

По повод 7 март, Меѓународниот ден за сеќавање на загинатите полициски службеници, Македонскиот полициски синдикат репрзентативен синдикат во Министерсвото за внатрешни работи на Република Северна Македонија се придружува во подршката на овој ден - кога ИНТЕРПОЛ ја повикува глобалната заедница да запре и да оддаде почит на полициските службеници кои ги загубиле своите животи заштитувајќи го мирот,безбедноста и уставниот поредок во државата, велат од полицискиот синдикат.

— реклама —

Тие ги повикуваат сите членови и сите вработени во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија,денес со едноминутно молчње да одадеме почит на нашите загинати колеги.

Истовремено ги повикуваме сите релевантни фактори во Република Северна Македонија да оддадат почит на загинатите полициски службеници кои ги загубиле своите животи при извршување на службените задачи.

— реклама —

Како репрзентативен синдикат во Министерсвото за внатрешни работи активно работиме на заштита на нашите членови и сите вработени во Министерството во делот на иницирање на итна набавка на заштитна опрема и униформа за нашите колеги.

Од полицискиот синдикат истакнуваат дека имаат издвоивме значителна сума на средства од синдикалната членарина за да секој од членовите биде дополнително осигуран во Осигурителната компанија ТРИГЛАВ 24 часа за несреќа при работа, проект со кој се единствен синдикат во репубиката.

Во чест на загинатите колеги низ целата година во нивните родни места, во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и локалната самоуправа организираме меморијални турнири, и останати спортски активности .

Секоја година традиционално нашите синдикални преставници по повод 8 март денот на мајката ги посетуваат мајките на нашите загинати колеги и со скромен подарок им се заблагодаруваат што родиле син херој!!

Македонскиот полициски синдикат воедно го изразува своето длабоко сочувство до семејствата на загинатите припадници на Македонската полиција кои своите животи ги положија при извршување на службените задачи.

Нашите херои кои положувајќи го , сопствениот живот носејќи ја полициската униформа, оставија вечна трага и свое место во историјата, но и во иднината на генерациите што доаѓаат.

Генерации на кои им останува обврска да водат грижа за тие ХЕРОИ , никогаш да не бидат заборавени, велат од полицискиот синдикат.

фото: Македонскиот полициски синдикат

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања