Една партија - две крила. Зијадин Села ја носи Алијанса за Албанците во коалиција со ДУИ, додека, Арбен Таравари влезе во коалицијата „Вреди“ на албанската опозиција. Села посочува дека одлуката за коалицирање ја донело Централното собрание на состанокот во Скопје, а само еден бил против, додека 111 гласале „за“.
„Одлучувавме и за понудата од страна на Европскиот фронт, јас веќе ги објаснив позициите на АА – делегатите едногласно одлучија, еден беше против, и четворица воздржани за АА да биде дел од „Европскиот фронт“, дел од одговорностите што треба да ги преземеме, за да нашата иднина биде уште подобра. Бројот на пратеници ги одредува народот, гласачите, а не политичките партии. А ние сме се договориле во оваа коалиција, АА да ја зачува парламентарната група во Собранието. Но како резултат на гласањата од гласачите, овие бројки може и да се зголемат. „Европскиот фронт“ ќе биде апсолутен победник на изборите. Алијанса за Албанците ќе има минимум парламентарна група, рече Села.
За поделбите во Алијансата за Албанците се пишуваше и во изминатиот период. Останува да се види - кој ќе го земе партискиот печат и чии одлуки ќе бидат легитимни.
Битка за тронот, Села: Ова е големата куќа – АА“, Таравари: „Сведок сум на чудо од народ“, кој ќе го земе партискиот печат
Битката меѓу двете крила на Алијансата на Албанците се разгорува. Освен обвинувања, има и физички пресметки но и војна на социјалните мрежи.Поранешниот лидер на Алијанса за Албанците и актуелен претседател на партиското Централно претседателство, Зијадин Села, на ФБ објави фотографија со голем број партиски членови, негови приврзаници, и порача: „Тоа е големата куќа, Алијанса за Албанците“.Села за сабота закажа седница на Централното собрание.Таравари одговори: „Сведок сум на чудо од народ за пр
Македонија | пред 2 години