Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Една таблета аспирин може да му помогне на цвеќето да цвета побујно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Магазин
media-library4tgr9n4bml948b9Ir6h

Правилната нега и навремената прихрана се клучни за здрав и буен раст на цвеќето. Освен готовите органски ѓубрива што можат да се набават во земјоделските аптеки, многумина се потпираат и на домашни решенија, а едно од нив, според љубителите на цвеќарството, може да помогне во закрепнувањето и подобриот развој на растенијата.

Станува збор за раствор од аспирин и вода. Аспиринот содржи салицилна киселина, соединение кое природно се среќава и кај растенијата и има улога во нивните одбранбени механизми. Се смета дека може да придонесе за поголема отпорност на растението и да го поттикне неговиот раст и цветање.

— реклама —

За подготовка на растворот потребни се една таблета аспирин и еден литар дестилирана вода. Таблетата треба да се издроби и да се раствори во водата со повремено мешање.

Добиениот раствор може да се користи за полевање или прскање на цвеќето еднаш неделно. Се препорачува умерена употреба, бидејќи прекумерното количество може да има спротивен ефект.

— реклама —

Според приврзаниците на овој метод, растворот може да помогне во развојот на кореновиот систем, да придонесе растенијата да станат побујни и поотпорни, да го намали ризикот од појава на одредени габични заболувања и да влијае врз процесите поврзани со стареењето и сушењето на растението.

Сепак, градинарските експерти потсетуваат дека домашните препарати не можат целосно да ја заменат правилната нега. Соодветното наводнување, доволното количество светлина и квалитетната прихрана остануваат најважните предуслови за здрави и убави растенија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

cveke

За осум недели до цветна оаза: Овие растенија брзо никнуваат и цветаат

Магазин | пред 1 седмица

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања