„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Еднаков третман - Унапредување на заштитата на правата на немнозинските заедници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска се сретна со директорот на Агенцијата за унапредување на правата на заедниците, г. Илхан Рахман, и заменки-директорот на АОПЗ г. Џелал Хоџиќ, кои до Министерството за правда го доставија Предлог-законот за унапредување и заштита на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од вкупното население во Република Македонија.

— реклама —

„Измените и дополнувањат на овој закон се во насока на поголемо афирмирање на концпетот „Едно општество за сите“. Секој граѓанин е важен, па во таа насока е и унапредувањето и заштитата на правата на сите немнозински заедници во Република Македонија.

Овој Предлог-закон кој беше подготвен од страна на Агенцијата за унапредување на правата на заедниците наскоро ќе биде објавен на Единствениот национален рагистар на прописи (ЕНЕР).

— реклама —

Како што информираа од АОПЗ, главна цел на овие измени и дополнувања на законот е да се подобри состојбата со имплементација на правата на заедниците, да се олесни следењето на степенот на нивното остварување и да се обезбеди надзор над реализација на овие права од страна на институциите на централно и локално ниво.

Директорот на АОПЗ, г. Илхан Рахман истакна дека предлог-законот е подготвен од страна на инклузивна работна група формирана од страна на Агенцијата за унапредување на правата и дека наскоро и јавноста ќе може да ги достави своите коментари и предлози за подобрување, откако текстот ќе биде објавен на ЕНЕР.

При изготвување на предлог измени и дополнувања на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) доби поддршка од страна на Европската Комисија преку инструментот ТАИЕКС, како и од Мисијата на ОБСЕ во Скопје“, велат од Министерството за правда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања