Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Едно лице обвинето за разбојништвото во маркет во Сандево, за вториот осомничен – запрена постапката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
krazba-market

— реклама —

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 28 години, на кое му се става на товар дека сторило кривично дело – Рабојништво од чл.237 ст.1 од Кривичниот законик.

— реклама —

На 2 декември, во маркет во скопското село Сандево, обвинетиот се заканил на вработената дека неспоредно ќе нападне врз нејзиниот живот и телот и успеал да одземе парични средства во вкупен износ од 36.600 денари. Тој бил маскиран со црна „фантомка“, а во рацете држел кујнски нож, па оштетената, исплашена за својот живот, му ги предала парите.

Јавниот обвинител до Судот достави и Предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи процени дека се уште постојат основите кои го оправдуваат стравот дека тој би можел да се даде во бегство, да влијае врз сведоците и врз оштетената, како и да го повтори кривичното дело.

Во врска со истиот настан, надлежниот јавен обвинител донесе и Наредба за запирање на истражната постапка за уште едно лице, на возраст од 30 години. Во текот на истрагата се утврди дека нема докази дека осомничениот го сторил кривичното дело, односно дека воопшто имал сознанија дека обвинетиот имал намера да го стори делото.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања