„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Едно лице осомничено за обид за убиство и за напад врз полициски службеници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
lisici

— реклама —

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење основано сомнение дека тој ги сторил кривичните дела – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Имено, 34-годишниот жител на село Горно Коњаре на 3 април со умисла се обидел да лиши од живот едно лице со кое претходно имале кратка вербална расправија. По расправијата, осомничениот отишол во неговиот дом од каде зел нож и го прободел оштетениот во пределот на слабината, нанесувајќи му тешки телесни повреди од животозагрозувачки карактер. Околу половина час подоцна, осомничениот сериозно се заканил дека ќе ги нападне четворицата полициски службеници кои постапувале по наредба да го лишат од слобода заради претходно стореното кривично дело. Кога полициските службеници дошле во неговиот дом, тој излегол на вратата, повторно држејќи нож во рацете. Еден од полициските службеници му наредил да го фрли ножот, но осомничениот одбил да го стори тоа и им се заканил. Полициските службеници се повлекле во дворот и застанале во близина на службеното полициско возило, а осомничениот започнал да им се приближувасо крената рака во која го држел ножот. Во тој момент, еден од полициските службеници му се приближил на осомничениот и со употреба на средства за присилба му ја фатил раката, ножот паднал на земјата и осомниченото лице било лишено од слобода.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или вештаците, како и дека ќе го повтори кривичното дело или ќе го доврши обиденото кривично дело.​

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања