Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Едно лице под истрага за поседување оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
lovecka-puska

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —
— реклама —

Осомничениот, 68-годишен жител на село Церово, општина Желино, на  11-ти октомври во семејната куќа држел оружје и муниција од поголемо количество кои на граѓаните им се забранети. При извршен претрес во домот на осомничениот пронајдени се 15 куршуми калибар 7,62 мм долго зрно , 11 патрони ловна муниција калибар 12 мм, 2 патрона ловна муниција  16 мм и ловна пушка „Бокерица“ калибар 12 мм без фабрички број.

— реклама —
— реклама —

Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека се исполнети законските основи,  до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице . Судот на осомничениот му определи куќен притвор во траење од 30 дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања